Хроника

Изгоре автобус без патници на обиколницата Сарај – Волково

Изгоре автобус без патници на обиколницата Сарај – Волково

Празен туристички автобус денеска попладне се самозапалил на обиколницата Сарај – Волково влез Ѓорче Петров.

Извиткана конструкција, соголени и пеплосани седишта, без стакла – не остана ништо од патничкиот автобус кој изгоре на обиколницата. Првичните, неофицијални инфомации се дека причината за пожарот е поради неисправност на моторот, од каде и избил огнот. Пожарникарите брзо ги совладале огнените стихии, но било предоцна за автобусот. Патници немало, возачот излегол навреме.

„Дојавата за настанатиот пожар на патничкиот автобус е примена во 13.55 часот, додека интервенцијата траеше до 15.30 часот. Интервенирано е со четири противпожарни возила, со осум пожарникари“

Автобусот се движел на обиколницата од Сарај кон Волково, односно е на стотина метри пред влезот за Скопје.

Изгорениот автобус до темел остана на автопатот. И додека полицијата врши увид на самото место, една лента од овој дел на обиколницата е отежната за сообраќај.

Од пожарот, причинета е материјална штета.