Хроника 29. септември 2018. / 19:47

Изгаснат пожарот во Националниот парк „Галичица“

Изгаснат пожарот во Националниот парк „Галичица“

Помал шумски пожар денеска избувна во Националниот парк „Галичица” во непосредна близина на Охрид на потегот меѓу селата Рамне и Велестово.

Според информациите од Територијалнаа противпожарна единица од Охрид, пламенот зафатил нискостеблести растенија, а поради ветерот постоеле услови за негово ширење. Интервенирано е со три противпожарни возила, а на помош биле ангажирани и вработени во Националниот парк, така што пожарот е целосно изгаснат.

Инаку, две возила на противпожарната служба од Охрид во моментов се испратени на интервенција во селото Љубаништа, каде гасат пожар што избувнал во една од викендичките.