Хроника 13. април 2018. / 11:29

Избоден маж во Тетово итно пренесен на скопска клиника

Избоден маж во Тетово итно пренесен на скопска клиника

Триесет и седум годишниот Г.М. е тешко повреден откако вчера вечерта бил прободен со остар предмет.

Инцидентот, како што информираат од полицијата, се случил на улицата „Штипска“ во Тетово кога во расправија М.Е. (36) со остар предмет на Г.М. му нанел убодна рана во пределот на десната слабина и го напуштил местото на настанот.

-На Г.М. во Медицинскиот центар во Тетово му била укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредата со возило на Итна медицинска помош бил препратен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје, информираат од МВР.

Секторот за внатрешни работи Тетово презема мерки за целосно расчистување на случајот.