Хроника 14. јануари 2021. / 13:00

Итно да се формираат комисии за испитување на случајот со родилката од Дебар, бара Алијанса за Албанците

Итно да се формираат комисии за испитување на случајот со родилката од Дебар, бара Алијанса за Албанците

Случајот со бремената жена од Дебар, која се лекува во Општата болница во Струга, докажува дека здравствената состојба во С. Македонија е тешка и е надвор од контрола, реагираат од Алјанса за Албанците.

Оттаму додаваат дека според сведочењето на сопругот, има многу неправилности, и професионално и етички, кои се поврзани со корупција, непрофесионалност и непочитување на медицинските протоколи што предизвикале непоправливи последици врз здравјето на пациентката.

„Загрижувачки е и фактот дека надлежните органи играат улога на глувонеми и ја продолжуваат играта на одбрана на недопирливите или партиските војници. Иако поминаа 4 месеци, сè уште нема епилог од овој настан со сериозни последици, што покажува неспособност на системот и комплицираните лавиринти за постигнување на правда, за што зборува и ветува владата, а жртвите на неспроведувањето се обичните граѓани на оваа држава, која сè уште се влече по бесконечниот пат на транзиција. Во ноември минатата година, Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршил инспекција и ја прогласи нивната институција за ненадлежна, за да побара стручен надзор и да ги пренесе надлежностите на Комората на лекари и Министерството за здравство, кои до денес немаат не ја земале во предвид предметната институција“, велат од партијата.

Алијансата за Албанците итно бара Министерството за здравство и Комората на лекарите да формираат соодветни комисии и да ја надгледуваат стручната работа на лекарите и да откријат каква било можна грешка на лекарот и да го процесираат предметниот случај, така што семејството од Дебар ќе ја разбере вистината и да се надомести за тоа што е непоправливо – здравјето.