Хроника 24. септември 2018. / 12:58

Ископувале песок во скопско, нашле оружје

Ископувале песок во скопско, нашле оружје

Вчера во 11.08 часот во Единицата за информирање и команда било пријавено дека при ископ на песок, во сепарација во близина на селото Огњанци-Скопје, пронајдена е ловна пушка.

По пристигнување на полициски службеници од Полициско одделение Петровец, било констатирано дека се работи за стара ловна пушка, која во голема мера е оштетена и заради тоа не може да се утврди серискиот број.

Известени се инспектори од ОНТ – оружје и увидна екипа кои ќе ја подигнат пушката на местото на настанот за превземање на понатамошна постапка.