Полицијата по четири дена потрага ги пронајде двете сестри од Пробиштип кои беа пријавени како исчезнати.
Според информациите на полицијата, доцна синоќа, во 2 часот по полноќ, сестрите биле најдени во центарот на Крушево, од страна на полициски службеници при проверка на идентитет.
Двете сестри, на возраст од 16 и 19 години, вчера беа пријавени како исчезнати. Нивниот татко во полиција рекол дека тие во саботата, на 14 јули, излегле од дома и не се вратиле. Засега нема информации како се нашле во Крушево.