Хроника 21. јуни 2019. / 10:23

Исчезнатиот Ристо е пронајден мртов во буре

Исчезнатиот Ристо е пронајден мртов во буре

Струмичанецот Ристо Иљашев, по кого семејството трагаше повеќе од еден месец, е човекот пронајден мртов денеска кај браната Турија во делчевско, дознава „Република“ од неофицијални извори.

Како што ни потврдија од СВР Струмица, таму денеска е пронајдено безживотно тело, а по завршениот увид на полицијата, телото ќе биде предадено на обдукција. Телото наводно било пронајдено во буре, но од полицијата засега не ја потврдуваат оваа информација.

Педесет и седумгодишниот Иљашев бил пријавен за исчезнат во СВР Струмица на 7 мај годинава, кој излегол од домот околу 13:30 часот и веќе не се вратил. Семејството постојано апелираше по социјалните мрежи за било каква информација.