Хроника 01. јуни 2018. / 14:26

Исчезна жител на тетовска Мала Речица

Исчезна жител на тетовска Мала Речица

М.Р. од тетовска Мала Речица пријавил дека на 30-ти мај од дома се оддалечил неговиот 73-годишен татко.

Го барале на повеќе места, му се јавувале на мобилниот телефон, но до моментот на пријавувањето, немале никака информација каде се наоѓа. Полицијата презема мерки и активности за пронаоѓање на 73-годишниот жител на Мала Речица.