Хроника 07. мај 2019. / 20:39

Исчезна жена од тетовско

Исчезна жена од тетовско

Семејството на 48-годишната Џемиле Хасани од тетовско Пршовце апелира граѓаните до помогнат во нејзино пронаоѓање.

Таа е со нарушено ментално здравје, а од куќата заминала синоќа околу 21 часот и не се вратила.

-Случајот е пријавен и во тетовската полиција. Братот на жената посочил локации каде е можно да е лицето и се преземаат мерки за пронаоѓање, информираат од СВР Тетово.

Од семејството апелираат доколку некој ја сретне и препознае да се јави на телефонските броеви 044/384-308 или 075/451-512.