Хроника 23. април 2020. / 10:34

Исчезна 29- годишна велешанка – семејството бара помош од граѓаните

Исчезна 29- годишна велешанка – семејството бара помош од граѓаните

Младата 29- годишна Александра Скорниева исчезнала и ја нема од вчера. Семејството моли за помош.

-Мојата сестра Александра Скорниева го напушти домот во 8.15 часот и сеуште се нема вратено. Носи црна кожна јакна, темни фармерки и црни патики.

Доколку некој ја има видено ве молам нека ме исконтактира на број 072/579-619, објави на својот профил нејзината сестра Елена.