Хроника 12. октомври 2019. / 19:10

Исчезна 16-годишно девојче од Скопје – семејството моли за помош

Исчезна 16-годишно девојче од Скопје – семејството моли за помош

Семејство моли за помош, исчезна нивната малолетна ќерка, пишува Сител.

Како што информираат од полицијата, вчера во СВР Скопје, Б.Т.(42) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерќа Т.Т.(16), која и претходно во повеќе наврати го напуштала нејзиниот дом и се сомнева дека е заедно со нејзиното момче.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.