На 59 годишна возраст утрово почина Мирко Голомеиќ, еден од најпознатите угостители во Скопје.
Голомеиќ е основач на брендот “Рагуза”, кој во изминатите децении претставува симбол за квалитет во сферата на угостителството.
Мирко беше посветен семеен човек, патриот, пример во општеството а неговиот бизнис го продолжија неговите синови.
Тој припаѓаше на Хрватската заедница во Македонија, а беше почитуван од сите во околината.
Од неговите раце јаделе многу видни политичари, интелектуалци, естрадни ѕвезди. Имаше средба и со Папата Франциско а можеше да се забележи и во друштво на хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ. На Папата Франциско му беше задолжен готвач кога тој беше во посета на Македонија.
Посмртните останки на Голомеиќ ќе бидат положени утре во 12 часот на гробиштата во Лисиче.
Редакција на Радио Лидер изразува сочувство до семејството.