Хроника 14. февруари 2019. / 15:23

Имало многу луѓе, па слегол порано: Полицаец за влакно ја избегнал ужасната несреќа

Имало многу луѓе, па слегол порано: Полицаец за влакно ја избегнал ужасната несреќа

Припадник на МВР во последен момент ѝ побегнал на смртта, кога се симнал од автобусот на „Дурмо-турс“ пред тој да се преврти на автопатот Скопје-Тетово, пренесува Независен.

Полицаецот вчера попладне, по завршувањето на работната смена, се качил во автобусот што возел накај Гостивар, но се симнал набрзо зашто имало многу патници.

– Во автобусот имало многу луѓе, па колегата се симнал на патарината на излезот од Скопје. Влегол во автомобил на пријател и со него го продолжил патот кон Гостивар. – велат полицајци што беа на увидот кај Ласкарци, на местото каде што се случи несреќата.