Хроника 13. јули 2018. / 17:16

Им земал по 3000 евра за да ги пренесе преку граница па ги оставил сред пат

Им земал по 3000 евра за да ги пренесе преку граница па ги оставил сред пат

По добиена оперативна сознанија за криумчарење на мигранти, од страна на полициски службеници од гранична полиција – Регионален центар – Север, завчера околу 07,00 часот во близина на бензинска пумпа на автопатот Куманово-Табановце фатена е групата од 13 мигранти од Ирак, без документи за идентификација, од кои деветмина мажи , две женски лица и две деца. Тие се движеле во правец од Куманово кон патниот премин Табановце. Едно лице кое било дел од групата, наш државјанин и коешто требало да ги смести мигрантите во реонот на село Ваксинце, претходно ги оставило мигрантите и побегнало, соопшти МВР.

Оттаму додаваат дека со мигрантите е извршен разговор, при што истите изјавиле дека од страна на непознатото лице тие биле транспортирани од јужната граница кон ГП-Табановце со патничко моторно возило марка “Ауди-А8“. Според нивното кажување непознатото лице им се заканувало и од секој поединечно зел по 3000 евра за да ги спроведе од грчката граница до Белград Србија. При тоа , истиот ги измамил и насилно ги растоварил во близина на бензинска пумпа во правец на ГП Табановце. По превземените оперативни мерки и активности, и извршените проверки констатирано е дека станува збор за лицето 35- годишниот Ф.В. од скопско Студеничани.

Од страна на Регоналниот центар за гранични работи – Север поднесено е Известување до ОЈО за ООК-Скопје.

По насоки од Јавен обвинител за ООК, лицата мигранти како жртви на криумчарење привремено се сместени во Прифатниот центар за странци -Скопје.