Податоците на Институтот за јавно здравје, заклучно со 17 јануари, покажуваат дека 82,1% од оние кои починале како последица од Ковид-19 во Македонија, имале претходни заболувања.
– Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст од над 60 години (n=2.135) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 557,0/100.000 жители.
Регистрирани се 1718 смртни случаи кај лица од машки и 997 кај лица од женски пол.
Од починатите, кај 2003 се регистрирани коморбидитети, а најчесто кардиоваскуларни болести, дијабет и белодробна болест.