Министерството за внатрешни работи идентификувало 18 лица, кои за време на полицискиот час за Велигден, играа оро на улица во Гевгелија.
Досега биле сослушани осум лица, а на останатите им се испратени покани за разговор во полициска станица.
По целосно документирање на настанот против сите инволвирани ќе бидат поднесени соодветни казнени пријави, а целокупната постапка е во координација со надлежен обвинител при ОЈО Гевгелија, велат од МВР.
Учесниците ќе се гонат за прекршување на забраната за движење.