Хроника 02. октомври 2020. / 17:15

И во Тиквешкиот регион не почитуваат правила: Казнети над 100 граѓани за неносење маска

И во Тиквешкиот регион не почитуваат правила: Казнети над 100 граѓани за неносење маска

Во изминатото денонокие по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 108 прекршоци и тоа 82 во Велес, 17 во Кавадарци и девет во Неготино.

Според секојдневните извештаи од СВР Велес, поради неносење на заштитна маска во просек во тој град досега биле казнувани по 30 до 40 граѓани.

Од СВР Велес за вака високиот биланс на казнети во градот велат дека немаат анализа и дека можеби тоа е последица на поголемата раздвиженост на граѓаните вчера кога почна новата учебна година и непочитувањето на уредбата на дел од граѓаните за носење заштитна маска.

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски апелира до граѓаните задолжително да ја почитуваат уредбата за носење заштитна маска за да не бидат казнувани.

 Со тоа ќе го зачуваат сопственото и здравјето на останатите граѓани и ќе се заштитат од Ковид-19, порача Додевски.