Н.Н.(44) рано утрово била нападната од нејзиниот поранешен сопруг М.Г., по што соседите пријавиле во полиција.
Тој, најпрво ја нападнал својата поранешна сопруга на прослава во ресторан во Битола со нејзините колеги. М.Г.ја удирал со шлаканици, по што оваа со такси си заминала во нејзиниот дом. Потоа, М.Г. заѕвонил на вратата од домот на Н.Н. и веднаш физички ја нападнал и ѝ нанел тешки телесни повреди. М.Г. почнал да ја крши и покуќнината по што од соседите била повикана полиција.
Се работи на целосно расчистување на случајот.