Педесет и осумгодишен планинар од Хрватска почина на Кораб. Според информациите на полицијата, откако му се слошило, тој со хеликоптер бил пренесен во болница, каде лекарите констатирале смрт.
Вчера во 18.20 часот во Центарот за информации и команда Тетово, било пријавено дека на местото викано Кобилино поле, во атар на Маврови Анови, на Кораб планина има планинари, државјани на Хрватска, претставници на планинарско друштво од Сплит. На еден од нив, П.П. (58) од Сплит му се влошила здравствената состојба и побарал помош. Со хеликоптер на МВР лицето било донесено во градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, каде од страна на лекар била констатирана смрт.
По наредба на јавен обвинител на телото на починатиот ќе биде извршена обдукција за да се утврдат причините за смртта, а увид ќе се врши во текот на денешниот ден.