Хроника 06. јуни 2019. / 11:25

Хрват фатен во тетовско со кеса со кокаин

Хрват фатен во тетовско со кеса со кокаин

Вчера на ул.„Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници извршиле претрес во просториите во кои престојувал П.Ц.(40) од Загреб, Република Хрватска, a со него биле затекнати и С.И.(25) од Тетово и Н.З.(28) од с.Вруток, гостиварско.

Притоа, на една од масите била пронајдена една најлонска кеса со кокаин, едно пластично шише од 0,5 литри со непозната течност и други предмети со остатоци од кокаин. Лицата биле лишени од слобода и приведени во СВР Тетово, а по целосно документирање и расчистување на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.