Хроника 05. мај 2018. / 12:41

Хорор на кејот на Вардар: Тинејџер претепан и прободен со нож

Хорор на кејот на Вардар: Тинејџер претепан и прободен со нож

Во 20 часот и 10 минути во Секторот за внатрешни работи-Скопје, од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив бил донесен 16 годишен малолетник од Скопје со нанесени телесни повреди при извршено разбојништво.

Имено истиот ден околу 19,00 часот на кејот на реката Вардар во близина на хотелот „Александар Палас“, од страна на пет непознати лица заканувајќи му се со нож, му одзеле 400 денари, а потоа физички го нападнале по што со ножот му нанеле расекотина во пределот на грбот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.