Четири лица се лесно повредени во шест сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Скопје, а во три сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.
МВР информира дека полицијата санкционирала 68 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, еден возач под дејство на алкохол, шест пред да се стекант со право на управување моторно возило и тројца почетници. Од сообраќај биле исклучени три возила со истечена важност на сообраќајната дозвола. Исто така, издадени се и 24 казни за непрописно паркирање, а со „пајак“ подигнати се 70 возила.
Санкционирани се и седум возачи кои поминале крстосница на црвено светло, двајца возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, еден за неправилно престројување, 12 возачи за непоседување пропишана зимска опрема во возилата, еден за не носење сигурносен појас од страна на возачите за време на управување на моторни возила и девет за користење на мобилен телефон од страна на возачите за време на управување на моторни возила.