Хроника

Хаос низ скопските улици: 13 сообраќајки – едно лице тешко повредено

Хаос низ скопските улици: 13 сообраќајки – едно лице тешко повредено

Едно лице се здобило со тешки телесни повредни, а десет се полесно повредени во десет од 13 сообраќајни несреќи регистрирани на подрачјето на СВР Скопје. Во две сообраќајки причинета е материјална штета.

Сообраќајната полиција санкционирала 63 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, а исклучила од сообраќај 31 возач од кои 12 под дејство на алкохол, 17 пред да се стекнат со право на управување моторно возило и двајца возачи почетници.

Од сообраќај се исклучени 18 нерегистрирани возила, две неисправни возила, 114 автомобили биле непрописно паркирани, а 74 возила биле подигнати со „пајак“.

Еден пешак поминал коловоз надвор од пешачки премин, а седум возачи поминале на крстосница на црвено светло. Двајца возачи не дале првенство на минување на пешаци и исто толку возачи неправилно се престроиле. Четворица возачи не користеле заштитен шлем со мотор, мопед и мотоцикл.

Одделението за превенција при СВР Скопје денеска ќе реализира едукативни работилници во градинката „Детска радост“, објекти „Мимоза и Калинка“ во општина Гази Баба, со децата од средна и голема група.

МИА