Хроника 30. мај 2018. / 13:34

Хаос на улица, се степале мајка, татко и син

Хаос на улица, се степале мајка, татко и син

Во 17,20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје е пријавено дека на улицата „Свети Кирил и Методиј“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир со тепачка.

Имено, најпрво дошло до физичка пресметка меѓу 42-годишниот Ф.С. и неговата сопруга А.С. и заедно со нивниот 17 годишен син, сите од Скопје.

Според пријавеното, на местото на настанот се затекнал 47-годишниот Д.М. од Гостивар и тој се обидел да ги раздвои, по што Ф.С. и неговиот син физички го нападнале.

Лицата се приведени во Полициската станица Центар и по целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок