Хроника 20. јули 2019. / 09:32

Хаос на Пивофест: Бомба поставена пред настапот на Цеца

Хаос на Пивофест: Бомба поставена пред настапот на Цеца

Бомбата била поставена пред полноќ а немало никаков прекин на програмата на Пивофест бидејќи организаторите се обидувале да го подзаскријат целиов настан од останатите посетители за да не се добие впечаток на страв и несигурност, објави Канал5.

Експлозивната направа е пронајдена на терасата од кафулето „Кафе ин“, гостите веднаш биле евакуирани а тој дел од чаршијата затворен од страна на полицијата. Ова се случило пред самиот настап на Цеца, на стотина метри од бината.

Повеќе информации за овој настан се очекуваат во текот на денов.