Хроника 23. јули 2019. / 15:54

Хаос на патот Неготино-Скопје: Во камион пронајдени над 60 мигранти

Хаос на патот Неготино-Скопје: Во камион пронајдени над 60 мигранти

На автопатот Неготино – Скопје, во близина на надвозникот Виничани, било забележано како од камион со скопски таблички излегуваат мажи.

За брзо време пристигнала полициска патрола која открила дури 61 мигранти ( од Пакистан 45, од Авганистан девет, од Бангладеш шест и еден од Индија).

Мигрантите по наредба на обвинител се пренесени во прифатниот центар „Винојуг“ кај Гевгелија.