Хроника 10. јули 2020. / 14:26

Хаос на магистралата А5: Поради немање сообраќаен знак, камион скинал кабел

Хаос на магистралата А5: Поради немање сообраќаен знак, камион скинал кабел

Поради скинат кабел отежнат е сообраќајот на магистралата А3 на булевар „Македонија“ кој го поврзува Делчево со Македонска Каменица.

Транспортно возило кое превезувал градежните машини, поради немање сообраќаен знак за ограничена висина и спуштени кабли скина дел од телефонската мрежа во близина на семафорите во Делчево.

На лице место веднаш излезе екипа на делчевската полицијата и екипи на Телеком за да извршат увид во штетата.

Сообраќајот се одвива отежнато, а од полицијата најавија дополнителни информации за причините за случајот и настанатата штета.