Хроника 28. август 2020. / 18:34

Групна тепачка во манастирот во Лешок – има и повредени полицајци

Групна тепачка во манастирот во Лешок – има и повредени полицајци

На 28.08.2020 во 01,00 часот било пријавено дека во с.Лешок во кругот на манастирскиот комплекс бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу 17 годишник од Тетово од една страна и Д.А. од Тетово од друга страна. По кратко време повторно бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу 17 годишникот и С.Д.(20) од Тетово и други две непознати лица.

При преземање мерки, со повреди се здобиле и полициски службеници од Полициското одделение Теарце. Во врска со настанот лишени од слобода биле С.Д.(20) од Тетово и 17 годишник од Тетово. За настанот бил известен Јавен обвинител. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.