Хроника 15. февруари 2019. / 13:29

Граѓаните во страв: За малку избегната уште една несреќа на „Дурмо турс“

Граѓаните во страв: За малку избегната уште една несреќа на „Дурмо турс“

Една од линиите Гостивар-Скопје, на меѓуградскиот превозник „Дурмо турс“ денеска не излезе од Гостивар поради наводен дефект на автобусот, пренесува една телевизија.

Според информациите на очевидци кои сведочеа пред камерата на телевизијата, автобусот откако тргнал од автобуската станица, на постојката која се наоѓа до Културниот дом во Гостивар, дошло до блокада на задното тркало, а на асфалтот имало и трги од кочење.

Коммпанијата „Дурмо турс“ денеска не работи.