Хроника 19. август 2020. / 13:20

Градежен работник се повредил на работното место

Градежен работник се повредил на работното место

Жител на демиркапиското село Чифлик се повредил вчера при градежни работи во Кавадарци, информираСВР Велес.

Од кавадаречката болница, во ОВР Кавадарци било пријавено дека е донесено повредено лице.

Од страна на полициски службеници било излезено на лице место и е констатирано дека човекот бил вработен во кавадаречка фирма, паднал и се здобил со телесни повреди, додека изведувал градежни работи.

Известени биле обвинител и трудов инспектор, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.