Хроника 22. ноември 2019. / 09:48

Градежен работник паднал од скеле, а не бил осигуран, газдата изјавил дека не го познава

Градежен работник паднал од скеле, а не бил осигуран, газдата изјавил дека не го познава

Градежен работник вчера паднал од скеле на третиот кат од објект во изградба во Штип. Несреќата се случила во населбата „8 Ноември“, од каде што работникот со повреди на нозете и ребрата бил пренесен во штиската клиничка болница, објави „ТВ Стар“.

Според извори на „ТВ Стар“, работникот не бил осигуран, а при сослушувањето газдата изјавил дека тој работник не го познава. Според него, тој на третиот кат од зградата се качил од љубопитност.

За несреќата информирани се полицијата, Трудовиот инспекторат и Јавното обвинителство.

извор: ТВСтар