Вчера во 13 часот и 45 минути од страна на обезбедувањето во Градска општа болница „Свети Наум Охридски“, пријавено е дека кај нив бил донесен повреден 50- годишниот Ќ.Н од село Арачиново.
Имено Ќ.Н, додека изведувал градежни работи во куќа во село Арачиново, паднал од висина од околу 2,5 метри,се вели во соопштение од полицијата.
Истиот со приватно возило е пренесен во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“.