Хроника 25. декември 2020. / 21:45

Градежен инспектор добил закани при увид на градба

Градежен инспектор добил закани при увид на градба

Во Кочани вчера е нападнат градежен инспектор додека извршувал увид на лице место. Четириесет годишниот инспектор Н. Г. вработен во Општина Кочани случајот во Полициската станица Кочани го пријавил вчера во 18 часот.

-Градежниот инспектор пријавил дека околу 15.00 часот вработен како градежен инспектор во Општина Кочани, при извршување службени задачи – контрола на градба на градежен објект на ул. „Стамен Манов“ во Кочани, од страна на сопственикот на градбата Б.Р. (36) бил спречен и му биле упатувани закани, се вели во соопштението на СВР-Штип.

Во него се наведува дека  Б.Р. бил повикан во Полициската станица и по комплетирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава