Хроника 30. јуни 2019. / 17:53

Грабежи во казино и аптека во Скопје

Грабежи во казино и аптека во Скопје

Непознати сторители вчера ограбиле казино и аптека во Скопје, јавуваат од полицијата. Грабежот во аптеката се случил вчера напладне на улицата „Димитрие Чуповски“, а случајот го пријавила вработената во аптеката од која разбојникот одзел пари.

Во вториот случај, синоќа непознат сторител одзел пари од казино на улицата „Народен Фронт“. МВР вели дека презема мерки за расчистување на двата случаи.