Жената (78), жртва на убиството во Гостивар, настрадала во сопствениот дом, дознава Алсат.
Според информациите на Алсат, сторителот бил во нејзината куќа, кадешто имало уште две други лица и ги нападнал со нож.
Возрасната жена починала на самото место на настанот, а двете други лица, еден маж и една жена, се пренесени на скопските клиники.
Неофицијално, мотивот за убиството се нерасчистени долгови.