Хроника 28. јануари 2020. / 17:32

Гостиварец со смртни закани до адвокатот на неговата сопруга

Гостиварец со смртни закани до адвокатот на неговата сопруга

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.А.(51) од с.Колари, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста”.

Во периодот од ноември 2019 до 16.12.2019 пријавениот по телефон му упатувал закани по животот на Л.С.(39) од с.Здуње, гостиварско, адвокат на неговата сопруга А.Ф., со цел да ја повлече бракоразводната парница.