Во гостиварското село Дебреше, во попладневните часови на вчерашниот ден, 62-годишниот Г.Б. се повредил подмачкувајќи пиштол кој го поседувал без одобрение.
Според информациите од МВР, тој не забележал дека во цевката на пиштолот има куршум, така што истиот испукал и му нанел повреди во пределот на шаката од левата рака.
На 62-годишникот му била укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Гостивар, а полицијата работи на расчистување на случајот.