Вчера во 20 часот од страна на полициски службеници со судска наредба во Гостивар бил приведен Ш.Ш.(37) од Гостивар, осуден на затворска казна од една година и 10 месеци за сторено кривично дело „измама“.
По приведувањето тој бил предаден за издржување на затворската казна во КПУ „Идризово“, соопшти МВР.