Гостиварц пријавил во полиција дека бил измамен од женско лице на кое ѝ дал пари за да помогне при вработување во државна институција.
Според СВР Тетово, 23-годишен маж од Гостивар синоќа пријавил дека пред извесно време бил измамен од женско лице од Скопје. Гостиварецот преку социјалната мрежа Фејсбук, претходно се запознал контактирал, а таа му ветила дека ќе му помогне за вработување на неговата девојка. За таа услуга му побарала да плати илјада евра.
Тој, според пријавеното, се договорил и во Гостивар и платил една од договорените рати. Подоцна, скопјанката не се појавила на договорената средба во Скопје и не му се јавувала повеќе, по што сфатил дека е измамен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.