Хроника 26. февруари 2019. / 13:16

Гостиварец и барал пари на поранешната девојка, за да не ги објави нејзините голи фотографии

Гостиварец и барал пари на поранешната девојка, за да не ги објави нејзините голи фотографии

Дваесет и двегодишна жителка на гостиварското село Балиндол, вчера го пријавила дека нејзиното поранешно момче за уцена.

Од СВР Тетово информираат дека Б. Д. (22) од Гостивар во повеќе наврати и барал пари и накит и дека во спротивно на социјалните мрежи ќе објавел нејзини фотографии со компромитирачка содржина, кои порано таа му ги испраќала.

Пријавениот Б. Д. е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување на случајот.