Хроника 20. јануари 2021. / 12:13

Гостиварец фатен како управува возило со истечена регистрација пред повеќе од шест месеци

Гостиварец фатен како управува возило со истечена регистрација пред повеќе од шест месеци

Тетовската полиција бележи случај на одземање возило поради истечена регистрација повеќе од шест месеци согласно измените и дополнувањата во Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата. Покрај одземеното возило приведен е и возачот бидејќи немал лични документи.

-Вчера околу 11 часот, во тетовски Челопек, полициски службеници на СВР Tетово го привеле О.А. 29-годишен од Гостивар. Тој непоседувал документи за идентификација и управувал патничко моторно возило „фиат уно“ со гостиварски регистарски ознаки, а кое било со истечена регистрација повеќе од 6 месеци. Возилото времено му е одземено, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Од крајот на декември кога е започната примената на новите измените, досега се одземено 15 возила поради истечена регистрација повеќе од 6 месеци. Возилата се одземаат на 90 дена.