Хроника 08. август 2019. / 11:09

Гостиварци уценувале девојка: Или парите или ќе објават компромитирачки материјал за неа

Гостиварци уценувале девојка: Или парите или ќе објават компромитирачки материјал за неа

Двајца помлади гостиварци завршија во полициска станица под сомнение дека уценувале сограѓанка.

Од полицијата информираат дека вчера (7 август) околу 15 часот и 30 минути, биле лишени од слобода Ш.О.(21) и Е.М.(18), двајцата од Гостивар. Тие се сомничат за за уцена на 27-годишна девојка. Според пријавата, нејзе и се заканувале доколку не им даде пари и мобилен телефон ќе објавиле нејзин компромитирачки материјал.

Од полицијата најавуваат дека по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.