Хроника 10. декември 2019. / 15:18

Гостиварци се тепале меѓу себе во казино

Гостиварци се тепале меѓу себе во казино

На 10.12.2019 околу 04.00 часот во казино на ул.„Борче Јовановски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Полициска станица Гостивар ги привеле С.Ф.(31) од гостиварско Беловиште и В.М.(37) од Гостивар, кои во алкохолизирана состојба физички се пресметувале.

При приведувањето, С.М. се однесувал агресивно кон полициските службеници. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.