Вчера ( 28 февруари ) околу 9 часот и 50 минути, извршувајќи службени активности на улица „Живко Брајковски“ во Гостивар, двајца полициски службеници од Полициската станица Гостивар, најпрво биле навредувани и омаловажувани, а потоа и физички нападнати од Ф. И. ( 25 ) од Долна Бањица и Г. Д. ( 25 ) од Гостивар.
Двајцата напаѓачи лишени се од слобода и задржани во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување н случајот.