–Тројцата пријавени, како што соопшти МВР, се сомничат дека во близина на наплатната станица Гостивар, прво побарале да влезат во товарно моторно возило „Сканија“, со српски регистарски ознаки, што го управувало Г.С, а потоа и физички го нападнале и со закана со остар предмет му одзеле паричник со 9.000 српски динари, 50 евра, возачка дозвола и банкарска картичка.
Нешто подоцна, пријавените се лишени од слобода и изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар, кој им определил мерка притвор од 30 дена, по што биле спроведени во Казнено-поправната установа Затвор Скопје – Скопје, стои во соопштението.
Гостиварци ограбиле српски камионџија
