Рано утрово во полициската станица во Гостивар, 48-годишна жена од Гостивар пријавила дека непознато лице се обидело да изврши полов напад врз неа во влезот од зградата во која живее.
Кога влегла во влезот од зградата, по неа влего и лицето, ја фатило за рака и ѝ се обратило со вулгарни зборови. Таа почнала да го удира со чантата, ја отворила вратата од зградата и го турнала надвор на улица, по што почнала да вика, а лицето побегнало во непознат правец.
По преземени мерки, а поради основано сомнение дека е сторител на делото, од слобода бил лишен Ј.К. (29) од село Требиште, дебарско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.