Според првичните информации, осомничениот кој бил во блиски роднински врски со оштетениот, пукал со огнено оружје и притоа го ранил оштетениот во пределот на стомакот.
Со возило на Итна медицинска помош ранетиот бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје, каде му била извршена хируршка интервенција. Осомниченото лице е недостапно на органите на прогонот, но се преземаат мерки за негово пронаоѓање.
Од ОЈО информираат дека дежурен јавен обвинител извршил увид на местото, каде било рането лицето и издадени се наредби за собирање траги од местото на настанот, за скицирање и фотографирање на местото и наредба за трагање по осомничениот.