Хроника 26. август 2019. / 17:44

Големи пожар во близина на Велес: Во гаснењето на пожарот се вклучи и хеликоптер на АРМ

Големи пожар во близина на Велес: Во гаснењето на пожарот се вклучи и хеликоптер на АРМ

Голем пожар попладнево избувна во близина на езерото Младост во Велес, кај село Отовица. Од пред пола час во гаснењето на пожарот се вклучи и хеликоптер.

Општина Велес апелира граѓаните да не се движат во близина на опожарените појаси околу езерото, а возачите кои минуваат на автопатот внимателно да управуваат со моторните возила бидејќи поради чадот е намалена видливоста на коловозот и го попречува безбедното одвивање на сообраќајот, апелираат од Општината.