Хроника 06. мај 2018. / 20:46

Голема трагедија: Четири лица загинаа во тешка сообраќајка на патот Ресен-Охрид

Голема трагедија: Четири лица загинаа во тешка сообраќајка на патот Ресен-Охрид

Четири лица загинаа во тешка сообраќајка што попладнево се случила на патот Ресен – Охрид во близина на селото Крушје, објави Пресс24.

Според полициски информации, до несреќата дошло попладнево околу 17 часот кога во се уште неразјаснети околности се судриле три автомобили, Мерцедес, БМВ и Ауди со битолски и охридски регистарски таблички.

Од МВР за Пресс24 и официјално ја потврдија оваа информација но не откриваат повеќе детали.

Увидот е во тек а патниот правец е затворен за сообраќај.