Хроника 20. август 2019. / 18:00

Голема акција на УЈП на Пластичарска улица

Голема акција на УЈП на Пластичарска улица

Инспектори од Управата за јавни приходи од Скопје , со полициска асистенција, вршат контрола во продавниците на Пластичарската улица, објави Канал5.

Инспекторите постапуваат по пријава од граѓани за неиздавање фискални сметки во продавниците на Пластичарска.

До сега УЈП извршиле контроли за издавање фискални сметки и во Дебар, Кичево, Охрид, Куманово, Дојран и други градови.